Финскиот претседател оцени денеска дека ситуацијата во светот е „речиси поладна“ отколку за време на Студената војна, бидејќи тензиите меѓу Вашингтон и Москва достигнаа точка на вриење поради ситуацијата околу Украина.
„Тогаш имавме барем некои договори меѓу Соединетите Држави и Советскиот Сојуз, ограничувања на оружјето“, изјави Ниниште за Си-Ен-Ен, додавајќи дека сега нема договори, што ја прави ситуацијата многу почувствителна.
На прашањето дали мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, за што тврди Западот, Ниниште рече дека кога е во прашање кризата околу Украина, постојат три опции.
Тој прв изјави дека проблемите на истокот на Украина ќе се решаваат врз основа на договорот од Минск, но додаде дека оваа опција е далеку.
Како втора опција Ниниште гледа војна од големи размери, а како трета – ситуација кога се оди два чекори напред, еден назад.
Тој смета дека оваа опција е исто толку лоша како и другата, бидејќи ги зголемува тензиите, но дека е најблиска.