Русија го блокира трговскиот сообраќај во Азовското Море

пред 3 години

Русија го блокира движењето на комерцијалните бродови во Азовското Море на неопределен период, објави новинската агенција „Интерфакс“, цитирајќи ја руската управа за поморски и речен транспорт.

Комерцијалниот сообраќај во Азовското Море е прекинат по ескалацијата на конфликтот во Украина, која прогласи вонредна состојба и мобилизација на резервисти.

Ноќта од средата кон четвртокот Русија започна, како што ја нарекува, специјална воена операција во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја одобрил воената акција бидејќи Русија немала друг избор освен да се брани од, како што рече, заканите кои доаѓаат од Украина.

„Русија не може да се чувствува безбедна, да се развива и да постои со постојана закана што произлегува од територијата на модерна Украина“, рече Путин.

„Целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина“, додаде тој.

Share
Scroll to Top