Лукашенко: Западот има план од зад грб да удри по Русија

пред 3 години

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Западот направил план како зад Полска и Литванија да удри на Русија по почетокот на конфликтот со Украина, нагласувајќи дека Минск разработил одговор на тоа.

Според белорускиот лидер, тој веќе ги добил првите информации дека се формираат групи во Полска, Литванија, така што кога ќе започне конфликтот со Украина, тие ќе нападнат, ќе поминат низ Белорусија по воздушен и копнен пат и ќе удрат на руската група.

„Тогаш ги предупредив – нема да бидеме предавници и нема да дозволиме да пукате во грбот на рускиот народ“, рече белорускиот лидер.

Лукашенко изјави дека Украина сака конфликт со Русија, дека не прави ништо за да го спречи тоа, но дека постојано ја влошува ситуацијата.

„Сите тие факти што се кријат од медиумите покажуваат дека тие (Украина) веројатно го сакале тој конфликт. Тие не направија ништо за да го спречат. Тие постојано стануваа се полоши и полоши. Дури и по признавањето на независноста на тие републики (ДНР и ЛНР)“, рече Лукашенко.

Тој кажа и дека Украина претходно ја зајакнала заштитата на границата со Белорусија, но дека на украинската страна немало граничари пред руската специјална операција, нагласувајќи дека тие „побегнале“.

Share
Scroll to Top