Кремљ: Чекаме одговор од Украина за продолжување на преговорите

пред 3 години

Кремљ соопшти дека го чека одговорот на Украина за продолжување на мировните преговори по вчерашната втора рунда преговори.

Тие велат дека им порачале на Украинците оти гледаат решение за оваа ситуација. Руската страна додава дека што ќе се случи понатаму ќе зависи од Украина.

Портпаролот Дмитриј Песков наведе дека со Киев не се договорени конкретни документи.

Вчерашните преговори помеѓу двете страни завршија без клучното решение за прекин на огнот, а договорени беа хуманитарните коридори за евакуација на цивилното население.

Share
Scroll to Top