Саманта Маркл ја тужи својата полусестра Меган за клевета, пренесе „ТМЗ“. Таа ја тужи заради лагите и клеветите кои ги кажала во интервјуто кај Опра Винфри, кое Меган и Хари го направија минатата година.
Саманта тврди дека Меган лажела дека таа и нејзиното семејство израснале во сиромаштија. Тврди и дека нивниот татко Томас Маркл ѝ платил на Меган да оди во скапи, елитни и приватни школи. Саманта вели дека Томас ѝ ја платил школарината за Универзитетот Norhwetern.
Меган пак кај Опра рече дека самата си го платила факултетот. Таа, наводно, ја обвинила Меган и дека негативно влијаела на продажбата на нејзината автобиографија и дека ја спречила да се вработи, а и предизвикала и емоционални и ментални проблеми.
Сега од неа бара отштета од 75.000 долари.