Драгиќ во солзи бидејќи не може да игра

Драгиќ во солзи бидејќи не може да игра

пред 4 години

Горан Драгиќ не играше ниту во четвртиот меч од финалната серија против Лос Анџелес Лејкерс. Еден од најдобрите кошаркари на Мајами Хит го повреди стапалото на десната нога во првиот меч од серијата.

Изминатата ноќ Мајами и Лејкрси го одиграа четвртиот меч од серијата, Драгиќ имаше желба да игра меѓутоа болката го спречи да се појави на теренот.

Словенецот се појави на загревањето пред мечот, а откако му стана јасно дека нема да може да им помогне на соиграчите заплака.

Лејкрди го добија четвртиот меч 102:96, во серијата водат со 3:1.

 

Share
Scroll to Top