Директорот на СЗО предупредува: Пандемијата на корона вирусот е далеку од завршена

пред 3 години

Пандемијата на коронавирус е далеку од завршена, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус.

„Во петок ќе поминат точно две години кога само што кажаа дека ширењето на корона вирусот може да биде обележано со пандемија“, рече Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева, додавајќи дека две години подоцна повеќе од шест милиони луѓе починале од вирусот.

Гебрејесус рече дека корона вирусот продолжува да се шири и дека се уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани, пренесува Бета.

Според него, тестовите кои можат да откријат нови варијанти на коронавирусот се извор на загриженост бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на овие тестови.

– Ова нè спречува да видиме каде е вирусот, како се шири и како се развива – рече Гебрејесус и додаде дека таквата стратегија за тестирање во Јужна Африка овозможила откривање на варијантата омикрон на крајот на ноември 2021 година, а сега тој сој на корона вирусот е доминантен во светот.

Share
Scroll to Top