Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не е против директни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Зеленски е подготвен за таква средба, а Путин начелно не се спротивстави. Путин му ја спомна идејата и на претседателот Ердоган“, рече Чавушоглу на прес-конференција.
Чавушоглу, исто така, подвлече дека средбата лице в лице меѓу украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров, која не резултираше со никаков напредок, е барем почеток.