Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска

пред 3 години

Поради подобрената епидемиолошка состојба со коронавирусот, властите на Црна Гора ја укина обврската за поседување на Ковид-потврда за влез во Црна Гора.

Новата одлука, како што информираат од Министерството за надворешни работи, стапува во сила од денешниот ден (11.03.2022 година).

Исто така, од патниците во Ирска веќе не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од ПЦР тест по пристигнувањето.

Нема барања за тестирање или карантин по пристигнувањето во Ирска. Дополнително, од патниците во Ирска веќе не се бара ни да пополнат формулар за лоцирање (PLF).