Де Паул со првиот гол во Ла лига донесе три поени за Aтлетико

Де Паул со првиот гол во Ла лига донесе три поени за Aтлетико

пред 3 години

Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта победа едноподруго, совладувајќи ги Кадиз со 2:1 за да се искачат на третото место во Ла лига пред Барса.

Жоао Феликс уште во третата минута ги донесе „рохибланкос“ во водство, пред Алваро Негредо да израмни во финишот на цврстото прво полувреме во кое беа доделени пет жолти картони (од кои четири за Атлетико). Трите поени беа обезбедеи во 68. минута со убавиот гол на новото засилување Родриго де Паул.

Атлетико сега имаат 51 поен на третото место на табелата, четири зад Севилја и три пред Барселона (која има два натпревари помалку). Кадиз останува во зоната за испаѓање на 18. место со 24 поени, еден помалку од Гранада.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top