Пејачката Сара Мејс објави фотографија на која го покажа трудникчиот стомак. Облечена во свилен црн фустан со харфата покрај неа, таа покажа дека може да свири и трудна.
Пејачката со нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски се пофалија на почетокот на годината дека ќе станат повторно родители.
„Бебе број два. Ако ги броиме и нашита миленици Атос и Бела со Димитар, а треба, е тогаш е број четири“, рече Сара.
За потсетување, тие веќе ја имаат ќерката Илина, која има три години, а во брак се од 2017 година.