Руските милијардери почнаа да ги кријат своите скапи јахти низ светските мориња, откако ЕУ почна да им ги запленува, пренесуваат светсите медиуми.
Некои од нив се обидуваат на секаков начин да ги избегнат санкциите кои им ги наметна Западот, а некои веќе останаа без добар дел од богатството.
Така на пример, милијардерот Андреј Мелјниченко остана без својата јахта вредна 530 милиони евра, додека Роман Абрамовиќ се обиде да ја сокрие својата во Црна Гора.
Економските санкции кои Западот ѝ ги нанесе на Русија поради инвазијата на Украина, се однесуваат на бројни поединци, а први на удар се чини се јахтите на руските милијардери кои властите во западните земји решија да им ги запленат.
Дилбар, Алишер Усманов
Еден од богаташите кои остана без својата мега-јахта е рускиот милијардер Алишер Усманов, поранешен сопственик на фудбалскиот премиерлигашки клуб Арсенал. Неговата луксузна јахта Дилбар е проценета на околу 600 милиони долари, а се наоѓала во едно бродоградилиште во Хамбург поради реновирање. Тука германските власти му ја запленија.
Дилбар има еден од најголемите некогаш направени базени на една јахта. Има 12 луксузни апартмани, сауна, козметички салон и теретана. Како е наведено, неговиот екипаж брои 92 члена.
Андреј Мељниченко
И милијардерот Андреј Мељниченко се најде на удар на одлуката на Западот, па во петокот на 11 март италијанската финансиска полиција му ја заплени јахтата SY A вредна 530 милиони евра, што ја прави најскапата во светот.
Sanzioni contro la Russia:
A Trieste, nel rimessaggio del porto, è stato sequestrato dalla Guardia di Finanza lo yacht a vela più grande del mondo, del valore di 530 milioni di euro. Lo “SY A” è riconducibile all’imprenditore russo Andrey Igorevich Melnichenko. pic.twitter.com/xj0V728Qsa— Tg La7 (@TgLa7) March 11, 2022
Запленетата јахта се наоѓа во Трст, а одлуката за санкции кон Мељниченко следеше на 9. март во рамки на проширените казнени мерки против руските олигарси. Според ЕУ, тој е сопственик на производителот на ѓубриво EuroChem Group и компанијата за јаглен SUEK, пренесе „Си-ен-ен“.
Аморе Веро, Игор Сечин
Јахтата Аморе Веро во моментов се наоѓа во француското летувалиште Ла Сиота, а тамошните власти ја запленија на 3 март откако ја поврзаа со Игор Сечино, за кого е познато дека му е близок соработник на Владимир Путин и кој управува со рускиот нафтен гигант „Росњефт“.
Јахтата од претходно се наоѓала во Франција од 3 јануари поради поправки, атребало да остане до 1 април.
Лејди М, Алексеј Мордашов
Мордашов, според „Форбс“ е вториот најбогат човек во Русија, а богатството му се проценува на околу 30 милијарди долари. Тој се наоѓа на чело на „Северстал“, најголемата компанија за производство на челик, а неговиот делување се простира во различни свери на бизнисот, од рударство, телекомуникации, па сè до медиуми.
Во моментот на запленувањето на оваа јахта, милијардерот наводно бил на Сејшели откако отпловил од Малдивите со друга јахта.
Роман Абрамовиќ, Соларис, Еклипс
Двете суперјахти на Роман Абрамовиќ успеале да побегнат на море оваа недела, откако и овој руски тајкун беше под санкциите на Западот.
Јахтата Соларис е проценета на 600 милиони долари и според најновите достапни податоци за следење на MarineTraffic.com е видена како крстари низ крајбрежјето на Италија од петокот попладнето.
Во текот на денот, оваа мега јахта запловила во Тиват.
Соларис, која плови под знамето на Бермуда, го напушти пристанишето во Барселона во Шпанија во вторникот, не наведувајќи ја новата дестинација. Суперјахтата била на поправка и се наоѓала во пристанишето во Барселона од крајот на 2021 година.
Уште една од јахтите на Абрамовиќ, долга 533 стапки и вредна 700 милиони долари, Еклипс, последен пат е забележана како плови покрај брегот на Африка, откако претходно трнгала од Карибите на крајот на февруари.
Ла Дача, Олег Тинков
Јахтата Ла Дача на рускиот милијардер и бизнисмен Олег Тинков била видена како плови под руско знаме и како е закотвена во пристаништето Енсенада во Мексико на 5 март 2022 година.
Дача е брод кој има способност да го скрши мразот додека плови низ ледени делови. Погодна е за пловење насекаде низ светот. Исто така на неа има два хеликоптери и подморница за три лица.
Тинков е сопственик на дигитални банки чии акции и богатство исто така се наоѓа на удар на западниот свет.
Вагит Алекперов, Галактика Супер Нова
Јахтата на рускиот милијардер Алекперов, Галактика Супер Нова, според податоците од сајтот marine Trafiic веќе е исчезната од радарот.
Пловилото на сопственикот на рускиот „Лукоил“, минатата недела било видено во Порто Монтенегро, а според официјалните податоци веќе одамна испловило од црногорската марина, пренесе RTV Budva.