(Видео) Руска инфлуенсерка во солзи затоа што го изгуби „Инстаграм“

(Видео) Руска инфлуенсерка во солзи затоа што го изгуби „Инстаграм“

пред 3 години

Откако беше соопштено дека Русија ќе ги згасне 80 милиони Инстаграм профили на корисниците во Русија, голем број од инфуенсерките во оваа земја се загрижија за својата иднина. Една од нив испрати порака објаснувајќи дека Инстаграмот ѝ е повеќе од заработка.

Таа не криеше колку е погодена од одлуката да се забранат социјалните мрежи во земјата, откако Русија изврши инвазија врз Укрина. Плачејќи објасни дека во моментов таа минува низ тежок период. Но, наместо да добие сожалување, таа предизвика гнев во јавноста.

„Мислите дека за мене како инфлуенсерка Инстаграмот е само извор на заработка? За мене тој беше живот, мојата душа. Со него се будев и станував секој ден во минатите пет години“, рече таа.

Нејзиното видео го сподели агенцијата насочена за разоткривање на реалниот живот под власта на Путин Nexta, а беше видено од 1,7 милиони луѓе. Агенцијата објасни дека на Русинката не ѝ било гајле за многуте луѓе и изгубени животи во војната во Украина.

„Изгледа дека на неа не ѝ се важни илјадниците мртви луѓе, вклучувајќи ги и нејзините сонародници. Единствена грижа ѝ е што нема да може да објавува фотографии од рестораните во кои оди“, објаснија од Nextа.

Наместо да добие сожалување, таа повеќе наиде на остри критики и коментари.

„Нека дојде во Харков. Таму сè уште Инстаграм работи“, ѝ напиша еден фан додека другите објавија видеа и фотографии од гранатираните места и убиените цивили, посочувајќи дека тоа е вистинската причина за која треба да жали.

Share
Scroll to Top