Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатава недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно, информираат од Град Скопје.
„Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата, се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од несовесни посетители. Во рамките на оваа акција се собраа четири полни камиони со отпадоци и тоа кај набљудувачницата пред Средно Водно, кривината кон патот за Сончев Град и на малиот паркинг“, посочуваат градските власти.
Воедно, од таму апелираат до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиските корпи за отпадоци и да го одржуваат Водно чисто.