Арсовска: Се ревитализира ботаничката градина во ЗОО Скопје

пред 3 години

Денес на денот на пролетта градоначалничката Арсовска заедно со директорот на ЗОО Скопје Кристијан Стаменов и дел од советниците од град Скопје учествуваа на отпочнување на пролетната акција за раззеленување на ботаничката градина.

Од таму појаснуваат дека вработените на ЗОО Скопје во координација со ЈП Паркови и работат заедно во акција за чистење и ревитализација на ботаничката градина којашто во изминатите четири години не беше функционална, односно посетителите немаа можност да прошетаат во тој дел од зоолошката градина.

“Ботаничката градина се протега на 20.000 метри квадратни, а следи обновување на системот за полевање и подготвени се нови 200 садници за засадување. Градината ќе добие и нова урбана опрема, а во план е и реконструкција на дрвените мостови, со што овој простор ќе биде повторно достапен за посетителите”, истакна Арсовска.

Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе спроведе низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина, најавија од оваа институција.

Share
Scroll to Top