Украинските сили го забавуваат напредокот на Русија

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака рече дека украинската армија им пружа жесток отпор на руските сили и го забавува нивниот напредок.

Тој додаде дека руски авион се урна над Харков, вториот по големина град во Украина.

Коментарите на претседателот на Украина доаѓаат по серијата преговори меѓу делегатите на Украина и Русија. Зеленски рече дека не се сретнал со руските преговарачи, но и рекол на својата делегација дека за секој значаен компромис ќе биде потребен референдум.

– На нашите преговарачи им објаснив дека кога станува збор за можни промени, а особено за промени од историско значење, мора да се одржи референдум. Народот мора да одлучи за овој или оној облик на компромис. А какви компромиси би можеле да се направат, тоа ќе зависи од преговорите меѓу Русија и Украина – рече Зеленски.