Бејл: Се наоѓам во многу добра форма

Бејл: Се наоѓам во многу добра форма

пред 3 години

Герет Бејл тврди дека е во врвна физичка подготвеност пред клучниот бараж на Велс против Австрија за пласман на Светското првенство, иако претходно го пропушти „Ел класико“, каде што неговите Реал доживеаја понижувачки 0:4 пораз од Барселона, поради повреда на грбот.

„Нормално е да има некои ситни проблеми, но се наоѓам во многу добра форма. Во секој случај, подготвен сум да играм на било која позиција утре“, изјави Бејл.

И под Карло Анчелоти, Велшанецот не добива многу шанси во првиот тим на „кралевите“, а неговиот договор завршува во јуни, без никаква опција за продолжување. Шпекулациите велеа дека тој е подготвен да се пензионира доколку не успее со Велс да влезе на зимскиот Мундијал во Катар.

Share
Scroll to Top