Бајден: САД ќе одговорат доколку Путин употреби нуклеарно оружје

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден на денешната прес-конференција по самитот на Г7 рече дека планираат да воведат нови санкции за 400 поединци и субјекти.

Тој тогаш рече дека Путин смета на распаѓање на НАТО и дека верува дека тие не можат да останат обединети.

„НАТО никогаш не бил пообединет како што е денес“, рече Бајден.

Запрашан да ја коментира заканата од хемиско и нуклеарно оружје, Бајден рече дека САД ќе одговорат доколку Путин се реши на таков чекор.

„Природата на нашиот одговор ќе зависи од природата на употребата на оружјето“, рече тој.

Американскиот претседател изјави дека неговата земја е подготвена да прими 100.000 украински бегалци.

Бајден тогаш рече дека верува оти Русија треба да биде исфрлена од Г20.

Share
Scroll to Top