Изгоре автобус на ЈСП во Нерези

Изгоре автобус на ЈСП во Нерези

пред 3 години

Денеска, неколку минути предпладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувна пожар. За среќа нема повредени патници, а причинета е само материјална штета, соопшти ЈСП на својата официјална Фејсбук страница.

Во соопштението кое ЈСП го испрати до јавноста, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.

„Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило“, стои во соопштението.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

 

Share
Scroll to Top