Хуркач го зеде скалпот на Медведев и го спаси првото место на Ѓоковиќ на АТП-листата

Хуркач го зеде скалпот на Медведев и го спаси првото место на Ѓоковиќ на АТП-листата

пред 3 години

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го совлада Данил Медведев со 2:0 во сетови (7:6,6:3) во четврт-финалето на Мастерсот во Мајами и со тоа го спаси првото место на АТП листата на Новак Ѓоковиќ. Бранителот на титулата во Калифорнија вечерва беше подобар и заслужено славеше триумф над вториот тенисер во светот.

Медведев подобро го започна мечот, направи брејк во вториот гем и поведе со 2:0. Тој држеше се под контрола додека резултатот не беше 5:2, а потоа следеше пресврт. Хуркач прво го спаси својот, па направи брејк и набрзо стигна до 5:5. Победникот во првиот сет беше решен со тај-брејк во кој Медведев прв стигна до сет-топка, но, сепак, Полјакот на кракот се радуваше со 9:7 на поени.

Хуркач вршеше постојан притисок на сервисот на „разрмданиот“ Медведев во вториот сет, Русинот успеа да спаси неколку брејк топки при резултат 2:2 во гемови, но Полјакот сепак му го одзеде сервисот користејќи ја петтата брејк топка и поведе со 3:2.

Данил Медведев не се чувствуваше добро на теренот, побара медицински тајм-аут при резултат 4:3 за Хуркач. Кога натпреварот продолжи, Полјакот без проблем го доби гемот на свој сервис и се доближи до победа. На крајот, Хуберт Хуркач направи нов брејк и стигна до голема победа и полуфинале во Мајами.

Share
Scroll to Top