(Од минута во минута) Украина тврди дека Русија прави голема мобилизација, Зеленски се обрати на „Греми“ наградите

пред 3 години

Од минута во минута го следиме новиот ден на руската инвазија на Украина. Денеска е 40-ти ден.

Клучни податоци:

    • Зеленски одржа говор на Греми наградите
    • АП пишува дека украинската градоначалничка на град во близина на Киев и нејзиното семејство биле егзекутирани и фрлени во јама
    • Украина: 7 мртви и 34 ранети во нов руски напад врз Харков, 3 мртви во напад кај Харков, 6 мртви во Доњецк, уште еден загинат во напад на исток
    • Павло Кириленко, лидер на регионот Доњецк, ги предупреди жителите да ја напуштат областа бидејќи се заканува воена ескалација

Од минута во минута:

08:40 ОН: Забележани се над 1.400 загинати цивили

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека од почетокот на војната во Украина имало 3.455 цивилни жртви.

Ова вклучува повеќе од 1.400 смртни случаи и повеќе од 2.000 повредени.

08:30 Зеленски на Греми наградите: Што е спротивно на музиката? Молкот на убиените луѓе

„Пополнете ја тишината со вашата музика. Пополнете ја денес, за да ја раскажете нашата приказна. Поддржете нè на кој било начин. Секаква, но не и тишина“, рече Зеленски.

08:20 Украина: 7 мртви и 34 ранети во нов руски напад на Харков

Седум лица ги загубија животите, а 34 се повредени во руски напад во неделата во станбена област во Харков, голем град во североисточна Украина, соопшти државното правобранителство.

08:10 Украина тврди: Русите прават голема и тајна мобилизација

Русија почна тајна мобилизација на резервистите, тврди украинската армија во најновиот извештај, а пренесува Би-би-си.

08:00 АП: Украинска градоначалничка убиена и фрлена во јама

Градоначалничката на Мотижин, лоциран на 50 километри од Киев, била убиена во класична егзекуција, заедно со нејзиниот сопруг и синот, изјави жителка за Асошиетед прес.