Фолк-пејачката Елена Велевска е на одмор во Дубаи. Таа се пофали дека ужива во луксузот на Дубаи, па со коктел во раката им наздрави на фановите и ги најави идните настапи во селата и градовите низ Македонија. Елена беше на вечера во познат ресторан со поглед на највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа, се сончаше на базен во хотелот „Атлантис палм“ на палмата, а се прошетала и низ познатата Дубаи Марина, каде што се едни од најубавите згради во градот.
„Животот е посебен за посебни луѓе“, напиша таа на сликата што ја објави на Инстаграм.