Околу 3,8 милиони Германци живеат без Интернет

  Скоро 3,8 милиони Германци живеат без Интернет

пред 4 години

Колку се постарите, толку е поголем уделот на оние кои не користат интернет, а повеќето од нив, околу 21 процент, се меѓу лицата меѓу 65 и 74 години, покажуваат податоците од минатата година.

Осум отсто од граѓаните меѓу 55 и 64 години не се онлајн, а најмногу три отсто од оние помлади од 55 години.

Животот без Интернет стана потежок за време на пандемијата, потсетуваат статистичарите.

Дигитален сертификат за вакцинација, на пример, беше потребен на многу места, како и онлајн распоредот. Во Европската унија минатата година осум отсто од луѓето не користеле интернет.

Сепак, разликите меѓу земјите-членки се големи, објаснуваат од институтот. Во Ирска, скандинавските земји, Холандија и Луксембург, уделот на оние кои никогаш не користеле Интернет, а се на возраст меѓу 16 и 74 години, бил помалку од пет проценти.

Од друга страна, 20 отсто од Грците, 17 отсто од Бугарите и 16 отсто од Португалците живееле без интернет во тие години.

Според проценките на Меѓународната агенција за телекомуникации на ОН, 37 отсто од светското население никогаш не користело Интернет, што е околу 2,9 милијарди луѓе ширум светот.

Share
Scroll to Top