Тони Цетински е осомничен дека извадил лажен ковид пасош

Тони Цетински е осомничен дека извадил лажна ковид потврда

пред 2 години

Полицијата го сомничи пејачот Тони Цетински дека извадил лажна ковид потврда, тврдат хрватските медиуми. Во најновата акција УСКОК која беше изведена во средата утрото, уапсени се 12 лица меѓу кои и поранешна медицинска сестра од Домот за здравје „Загреб – Запад“, Петра Румиха.

Како што пренесуваат медиумите бројот на лица кои полицијата ги пријавила со лажни ковид пасоши е многу поголем, а меѓу нив е и Цетински. Од таму велат дека потврдите ги извадиле со помош на Румиха, но и други посредници.

По избивањето на пандемијата Цетински во повеќе наврати ги објави антиваксерските ставови. На почетокот, особено по воведувањето на карантинот и издавањето на ковид потврдите, Цетински беше еден од најистакнатите јавни личности кој ги спореше овие мерки.

„Кој сака нека се вакцинира, јас немам ништо против. Но, не дозволувам да ме вакцинирате мене. Отворете Голи оток за нас кои не сакаме вакцина, па ставете ни лисици, приведете не, затворете не, заклучете не, чекајте да заспиеме или успијте не, па потоа на сила вакцинирајте не. Но, нема шанси да ви дозволам да ме вакцинирате доброволно“, беше една од неговите објави.

Уште пожесток беше кон ковид потврдите во декември 2021 година. Го откажа и концертот во Задр кога дозна дека без ковид потврди публиката не може да дојде на концертот.

„Моите соработници (15 семејства) кои секогаш беа дел од погонот и нашето делување на сите концерти, мојата публика и мојата маленкост, би биле пресреќни да засвириме и да пееме како и многупати досега во Задр. Сакаме да доаѓаме и да се забавуваме во овој прекрасен град, но, ете повторувам: Ковид потврдата на нашите концерти не е во согласност со нашите животни убедувања и не сакаме да бидеме купени за да ги промовираме, а не пак да поддржуваме спроведување на истите“, објави тогаш Цетински.

Share
Scroll to Top