Австралиската министерка за надворешни работи Мери Пејн изјави денеска дека Австралија воведува санкции за 67 руски државјани поради рускиот напад врз Украина.
„Денеска објавувам уште 67 казнени мерки насочени кон руската елита и олигарсите, блиски до рускиот претседател Владимир Путин, кои му помагаат и ги поддржуваат неговите акции без преседан“, изјави Пејн на новинарите по пристигнувањето во седиштето на НАТО во Брисел, пренесе Ројтерс.