Иако се повелече пред девет години, Сер Алекс Фергусон во пензија и тоа како добро заработува. Како што пренесуваат британските медиуми, еден од најдобрите тренери на сите времиња неделно заработува околу 280.000 евра.
80 годишниот Фергусон го водеше Манчестер Јунајтед 26 години, а за тоа време освои 13 титулу во Премиер Лигата и две во Лига шампиони.
Иако речиси една деценија веќе не е тренер, тој го следи секој натпревар на Манчестер јунајтед. Добива пари од разни страни. Најмногу од неговата книга која постојано се продава. Освен тоа Манчестер Јунајтед му плаќа преку 2.000.000 евра годишно, за да биде амбасадор на клубот
Фергусон има инвестирано и во некои бизниси кои исто така му носат пари. Се шпекулира дека вкупната вредност на неговите компании изнесува околу 50.000.000 евра. Само минатата година заработил 15.000.000 евра. Исто така добива пари и кога ќе се појави во јавност да држи мотивациони говори.