АУЕ – ФОН и приватниот универзитет за економија и бизнис ВУЗФ од Софија со заеднички европски дипломи и нови докторски студии

пред 3 години

Американскиот универзитет на Европа – ФОН со нови регионални можности за докторски, магистерски и додипломски студии од областа на економијата, бизнисот и претприемништвото во соработка со приватниот универзитет ВУЗФ од Софија, Република Бугарија. Ова е договорено во рамките на денешната работна средба помеѓу ректорот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушева и ректорот на приватниот универзитет ВУЗФ, проф. д-р Борис Велчев.

На средбата беше потпишан и меморандум за соработка меѓу АУЕ – ФОН и ВУЗФ, со што се создава основа за развивање на заеднички студиски програми, преку кои студентите од Македонија и Бугарија ќе имаат можност да се стекнат со двојни дипломи од двата универзитети.

Во таа насока, новите студенти, постоечките, како и алумните од АУЕ – ФОН кои студираат или студирале деловна економија, бизнис менаџмент, финансиски и банкарски менаџмент, маркетинг и спортски менаџмент, ќе можат преку полагање на дифиренцијални предмети да се стeкнат со дополнителна диплома од областа на претприемништвото, сметководството, осигурување, меѓународна економија или други студиски програми коишто ги овозможува ВУЗФ универзитетот.

Меморандумот за соработка истовремено овозможува да се имплементира праксата на мобилност на студентите за студирање во странство, размена на научни материјали, публикации и информации, како и мобилност на академскиот кадар, посета и меѓусебна размена.

Дополнително, согласно Меморандумот се воспоставува основа за истражувачка соработка за двата универзитети и за студентите, како и можност за организирање на меѓународни конференции и аплицирање за финансирање на заеднички едукативни проекти и програми. Договорено е и признавање на академските курсеви и издавање на двојни дипломи, кои што ќе бидат валидни и признаени од двете страни, но и во меѓународни рамки.

Со денешното потпишувањето на меморандумот со универзитетот ВУЗФ од Софија, продолжуваат заложбите на АУЕ – ФОН за континуирано проширување на меѓународната соработката со универзитети и партнери од регионот, со кои заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на образовниот процес преку размена на искуства и примена на иновациски пристап на работа, кој што одговара на современите барања на пазарот и потребите на идните студенти, како и кариерниот развој на академскиот кадар.

 

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top