Најмалку 13 лица се повредени во пукање во метро станица во Бруклин, пренесоа американските медиуми. На истата локација се пронајдени неколку експлозивни направи, соопштија од противпожарната служба.
Пожарникарите од Њујорк одговорија на повикот на граѓаните кои пријавиле дека виделе чад на станицата на улицата 36. Кога полицијата и пожарникарите пристигнале на лице место, затекнале неколку луѓе ранети од огнено оружје.
⚠️??#URGENT: Several people shot and multiple explosives found at New York City subway station#Brooklyn l #NY
Police confirm explosive devices are present at the 36th Street station. Several people are down. Trains are being halted.
More information as it becomes available! pic.twitter.com/9HFIY2SSOP— Intel Point ALERT (@IntelPointAlert) April 12, 2022
АФП наведува дека досега се повредени 13 лица, додека информациите за можни жртви се уште се недостапни.
Полицијата во моментов трага по осомничениот за нападот.
Медиумите јавуваат дека во тек е полициска потера по маж со гас-маска облечен во портокалов елек што го носат градежниците, по експлозијата и пукотниците во метрото.