Мариупол, украинскиот пристанишен град, претрпе најголеми последици за време на руската инвазија на Украина. Градот е уништен, уништени се речиси сите згради.
Русија тврди дека нејзините војници сè уште го имаат овој град и наведува дека повеќе од 1.000 украински маринци се предале. Сепак, Украина го негира ова.

Заменик-градоначалникот Серхи Орлов за Би-Би-Си изјави дека таму се уште се борат украинските војници.
Се чини дека борбите продолжуваат околу џиновската фабрика за челик Азовстал во пристаништето, која е една од двете области кои не се под руска контрола.

Инаку, Мариупол е клучна цел за Русија бидејќи се обидува да воспостави копнена рута до полуостровот Крим, кој го анектираше во 2014 година.






