Глумецот Џон Траволта со емотивна објава го одбележа роденденот на неговиот син Џет Траволта. Тој во средата требаше да го прослави 30 роденден. Траволта на „Инстаграм“ сподели нивна заедничка црно-бела фотографија.
„Мој најдраг Џети, ми недостигаш повеќе отколку што можам да кажам. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Те сака твојот татко“, рече Траволта.
Неговите пријатели и колеги му ја дадоа потребната поддршка и сочувство, а се огласи и неговата ќерка Ела.
„Среќен роденден Џети, многу те сакаме“, рече таа.
За потсетување, Џет почина во 2009 година за време на нивното семејно патување на Бахамите. Тој доживеа напад во нивната куќа на островот Гранд Бахами, а почина откако главата ја удри во кадата. Претходно лекарите му дијагностицираа аутизам и синдром Кавасаки.
Траволта за US Weekly зборуваше како неговата смрт била нешто најлошо што можело да му се случи во животот.