(Oд минута во минута) Украина со нови обвинувања за употреба на хемиско оружје, Русите со ултиматум до бранителите на Мариупол

пред 3 години

Од минута во минута ја следиме состојбата во Украина.

Клучни настани: 

  • Во главниот град Киев утрово се слушнале експлозии
  • Јуриј Бова, градоначалник на Тростианец изјави дека властите пронашле остатоци од хемиско оружје во селото Билка, окупирано од Русија
  • Руската војска соборила украински воен транспортен авион кој носел воена опрема од западните земји
  • Руското Министерство за одбрана постави ултиматум до украинските сили кои се’ уште се борат во опколениот град Мариупол да го положат оружјето

Најновите вести:

09:00 Во Украина почна да пристигнува американската воена помош

Некои пратки со американската воена помош почнаа да пристигнуваат во Украина, изјави претставник на Белата куќа, цитиран од Си-Ен-Ен.

Претходно оваа недела, претседателот Џо Бајден одобри дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина.

Тој рече дека поддршката ќе вклучи ново оружје приспособено да се бори против очекуваниот руски „поширок напад“ на исток.

САД ветија дека ќе обезбедат повеќе од 3 милијарди долари воена помош за Украина под администрацијата на Бајден.

08:50 Украина: Пронајдовме остатоци од хемиско оружје

Јуриј Бова, градоначалник на Тростианец во регионот Суми, за украинското радио изјави дека властите пронашле остатоци од хемиско оружје во селото Билка, окупирано од Русија.

Тој рече дека пронашле докази за сарин и други отровни материи, додека британскиот Гардијан пишува дека не може да ги потврди тврдењата на Бове.

08:40 Експлозии во Киев

Во главниот град Киев се слушнале експлозии, јавува Ројтерс.

Вчера едно лице загина, а неколку  беа повредени во воздушни напади врз градот.

08:20 Зеленски: За спас на Мариупол потребно ни е многу оружје од нашите партнери или помош за преговори

Судбината на Мариупол може да се реши или со борби или со дипломатија, рече тој.

08:00 Русија: Соборивме украински авион кој носел оружје од западните земји

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека руската војска соборила украински воен транспортен авион кој носел воена опрема од западните земји.

Во соопштението се наведува дека „украински воен транспортен авион е соборен во воздух“ во регионот на Одеса.

07:00 Руски ултиматум до бранителите на Мариупол: Положете го оружјето и ќе останете живи

Руското Министерство за одбрана постави ултиматум до украинските сили кои се’ уште се борат во опколениот град Мариупол да го положат оружјето, објави руската новинска агенција Тас.

Share
Scroll to Top