Десничарската кандидатка Марин Ле Пен гласаше во вториот круг од француските претседателски избори околу 11 часот во градот Хенин Бомон на северот на Франција, каде традиционално ја извршува оваа граѓанска должност и каде има голем број поддржувачи.
Пред гласачкото место ја пречека толпа луѓе кои го извикуваа нејзиното име. Таа исто така планираше да руча со својот тим на ова место, пред да се врати во Париз пред крајот на денот, за да ги следи резултатите од гласањето во главниот град, чии први прелиминарни резултати ќе бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места.
Нешто подоцна гласаше и Емануел Макрон. Актуелниот претседател, кој беше во водство по првиот круг, гласаше по 13 часот во Туке, на брегот на Атлантикот, каде што исто така традиционално се изјаснува. Тој исто како и Марин Ле Пен ги поздрави своите поддржувачи кои дојдоа да му дадат поддршка пред избирачкото место. Доцна попладнето Макрон се упатува и кон Париз, каде вечерта, по објавувањето на резултатите, планираше собир во близина на Триумфалната капија.