Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина

пред 2 години

Берлин е под притисок да испорача тешко оружје на Украина, но тие засега одбиваат да го сторат тоа, пренесуваат медиумите во светот.

Посебна дискусија има за тенковите „Мардер“.

Во написите е наведено дека Германија најде друга шема – донира оружје на земјите што ја вооружуваат Украина.

Според Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа, сите тенкови и оклопни возила и целото артилериско оружје од калибар 100 mm и повеќе се сметаат за тешко оружје. Борбените авиони и хеликоптерите за напад исто така се класифицирани како тешко оружје.

Замислата на канцеларот Олаф Шолц од избувнувањето на војната е да направи се во тесна координација со партнерите од НАТО и ЕУ. На прес-конференција минатиот вторник, тој посочи дека земји како Канада, Велика Британија и САД го снабдуваат истото оружје како и Германија.

Но, САД во четвртокот објавија нов пакет воена помош од 740 милиони евра за Украина, вклучувајќи тешка артилерија. Така, американската воена помош надминува три милијарди долари од почетокот на руската инвазија.

За разлика од тоа, според германското Министерство за економија, Германија од почетокот на април дала околу 186 милиони евра за воената одбрана на Украина. Истите главно се користат за купување противвоздушни ракети, митралези, муниција и заштитна опрема – но не и тешко оружје.

Share
Scroll to Top