Конашенков: Погодени четири украински складишта со оружје

пред 3 години

Руските вооружени сили со прецизни ракети погодија четири украински магацини за оружје во областа Славјанск и Дружковка (фронтот Донбас), соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

„ Ракетните сили и артилерија завршија 100 задачи во текот на денот. Погодени се пет командни центри на украинските сили, 81 позиција на војниците, како и осум артилериски батерии“ изјави Конашенков, пренесува „Спутник“.

Тој додаде дека воздушните и вселенските сили погодиле 33 воени објекти на украинските сили, вклучително и 23 непријателски позиции.

Во таа прилика, како што изјави генералот, уништени се 200 екстремисти и повеќе од 40 единици оклопни возила, артилерија и возила.

Исто така, руските системи за противвоздушна одбрана соборија шест беспилотни летала во областа на Донбас.

„ Од почетокот на специјалната воена операција уништени се 141 авион, 110 хеликоптери, 589 беспилотни летала, 272 противвоздушни ракетни системи, 2.588 тенкови и други оклопни возила – изјави Конашенков.

Share
Scroll to Top