Ослабете со варени јајца за 7 дена

Ослабете со варени јајца за 7 дена

пред 3 години

За брзо слабеење, постојат исклучително ефикасни, но понекогаш и многу опасни диети кои ви овозможуваат да забележите промени во вашето тело и да ги изгубите вишокот килограми за многу кратко време.

Станува збор за екстремно нискокалорични диети кои се многу рестриктивни и тешко дека на сите ќе им одговараат, но секако не носат долгорочно решение и добро здравје. Со одржувањето на ваквите диети, го изложуваме телото на глад, не само во смисла на недостаток на калории, туку и во смисла на недостаток на хранливи материи и витамини кои му се потребни на нашето тело за основно функционирање. Со таква диета брзо ќе ги изгубите вишокот килограми, но штом почнете да се „храните нормално“, бидејќи нема долго да издржите на ваква ригорозна диета, ќе се вратат сите изгубени килограми, како јо-јо ефектот!

Сепак, диетата со варени јајца можеби е рестриктивна, но е многу ефикасна. Јајцата одамна се исклучително популарна храна бидејќи се заситувачки и добар и богат извор на енергија и протеини. Тие се одличен извор на холин и масни киселини, богати со калциум, магнезиум, железо, јод, цинк, бакар и витамини А, Е, Д и К.

Диетата вклучува 6 варени јајца неделно, со додаток од варен зеленчук или дури и посно месо или риба зготвена без маснотии. Тоа е протеинска диета која содржи многу малку масти и јаглени хидрати. Друго правило на оваа диетална програма е да пиете големи количини вода. Дозволени е лимонот, незасладено кафе и чај, природни сокови, свежо овошје, двопек, многу зеленчук и посно месо. Забрането е конзумирање на шеќер, алкохол, скроб, млечни производи и сите масти на оваа диета.

Со диетата со јајца брзо ќе забележите губење на вишокот килограми, а бидејќи ваквата диета е наменета да се одржува за краток временски период, односно само една недела, нема да влијае на падот на имунолошкиот систем и енергијата.  Диетата со варени јајца може да предизвика губење и до 1000 kcal дневно, поради што резултатите се гледаат многу брзо.

Share
Scroll to Top