Почина Џон Стал, актерот од серијата „Игра на тронови“

Почина Џон Стал, актерот од серијата „Игра на тронови“

пред 2 години

Џон Стал, актерот од серијата „Игра на тронови“, почина на 68 години.

Шкотскиот актер го глумеше Ричард Карстарк во две сезони од хит-серијата. Тој се појави во втората и третата сезона од „Игра на тронови“, откако во првата сезона истата улогга ја имаше Стивен Блаунт.

Пред да се појави во популарната серија, Стал беше најпознат по улогата на Том „Инвердарок“ Кер во долготрајната шкотска сапуница Take the High Road. Тој глумеше во шоуто од 1982 година до крајот на неговото прикажување во 2003 година.

Актерката Аманда Фичалан Хауард се прости од Стал преку социјалните мрежи и го опиша како „актер со исклучителна вештина и квалитет на шкотскиот театар“.

Во кариерата долга повеќе од 30 години, Стал студирал на Кралската шкотска академија за музика и драма, пред да се појави во бројни шкотски сценски продукции. Работел и во The Royal Shakespeare Company и The National Theatre во Лондон. Неодамна се појави во ТВ шоуто Being a Man.

Share
Scroll to Top