Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, а за кои доколку се согласи наеднаш може да падне владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Ковачевски молчи за изјавата на Петков дека во Македонија има влада која ќе ги прифати бугарските барања, но дека против бугарските интереси е тие наеднаш да се реализираат, зошто така ќе падне таа влада, па наместо тоа истите тие барања сака да ги стави во рамката за преговори за влез во ЕУ. Ковачевски молчи исто како што молчеше и за отворањето на клубот Ванчо Михајлов. Ковачевски наместо да молчи треба да побара заштита за македонскиот јазик, идентитет и историја“, е истакнато во писмената реакција од оваа партија.
Ковачевски, како што додаваат од таму, треба да се грижи за македонските интереси, и заштита и на правата на Македонците во Бугарија, чии здруженија имаат добиено бројни пресуди во ЕСЧП во Стразбур, а кои Бугарија не ги почитува.
Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работи во интерес на Македонија, Ковачевски молчи, и чека проблемите да се решат сами од себе.