Италијанската фудбалска легенда Валтер Зенга (62) е во љубов со порно-глумицата Паула Саулино, пренесоа локалните медиуми. Некогашниот голман неодамна почнал да се гледа со Саулино и веќе не се кријат од јавноста.
Саулино, која е позната порно-глумица, во спортските кругови се прослави во 2016 година, кога вети орален секс за сите фудбалери и на неколку навивачи на „Наполи“ ако тој клуб ја освои титулата. Сепак, „Наполи“ таа година не го освои шампионатот.
Зенга беше еден од најуспешните голмани во деведесеттите години. Во својата долга кариера бранеше за „Интер“ и италијанската репрезентација. Тој последните години работи како фудбалски тренер.