Американка без нога истрча 104 маратони за 104 дена

Американка без нога истрча 104 маратони за 104 дена

пред 3 години

Американката Џеки Хант-Брурсма (46), која почнала да трча откако останала без нога поради рак, за 104 дена истрча 104 маратони и постави нов рекорд за најмногу истрчани маратони едноподруго. Таа очекува ова нејзино достигнување да влезе во Гинисова книга на рекорди.

dobivaj vesti na viber

Џеки трчала маратонска делница секој ден од средината на јануари, за што вообичаено ѝ требале пет часа.

„Дел од мене беше среќен што ова заврши, но другиот дел ми кажуваше да продолжам да трчам. Благодарна сум за ова искуство, зашто трчањето ми ја даде довербата што мислев дека никогаш нема да ја повратам“, изјави таа за американските медиуми откако го заврши 104. маратон.

На Џеки во 2002 година ѝ бил откриен редок тип на рак на коски, наречен Јуингова саркома. Две недели потоа лекарите решиле да ѝ ја ампутираат левата нога за да ѝ го спасат животот.

Хант-Брурсма почнала да трча во 2016 година, откако купила специјална протеза за тркачи на долги патеки.  Досега истрчала вкупно 4.378 километри, а притоа собрала и над 88.000 долари за непрофитна организација која обезбедува тркачки протези за инвалиди.

Share
Scroll to Top