На деструкциите, блокадите и насилството не им е местото во законодавниот дом, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, откако вчера ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието од 10 мај.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од СДСМ велат дека Собранието треба да биде институција за креирање подобри закони во секојдневната борба за заштита на стандардот на граѓаните а не алатка за предизвикување штета на граѓаните, на државата.
Каевски рече дека среде најголема енегетска и економска криза во Европа по Втората светска војна, кога Собранието треба да носи ефикасни решенија за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади.
„Патот којшто по налог на Никола Груевски го избира ВМРО-ДПМНЕ е погрешен и тој не значи штета за СДСМ, за Владата или мнозинството туку директна штета врз граѓаните и државата. Како на Мицкоски да не му е доволно што цела година пратениците од ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието блокираат закони важни за граѓаните. Како да не му е доволно на Мицкоски што го блокираат Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. Со блокада на овој закон ВМРО-ДПМНЕ е против наставниците среде криза и покачување на нивните плати, спречуваат трајно вработувањае на околу 4.700 наставници и стручни соработници“, рече Каевски.
„Со години е блокиран Законот за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Замислете, ивестиција вредна 500 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ блокира подобри услови за лекување на граѓаните, подобри услови за работа на докторите. ВМРО-ДПМНЕ го блокира и Законот на служба во Армијата кој обебзедува подобри услови за пензионирање и повисоки отпремнини за војниците. И тоа му е малку на Мицкоски па најавува нови засилени блокади на Собранието“, рече Каевски.
Додаде дека пратениците добиле доверба од граѓаните не да блокираат туку да работат, да предлагаат и носат законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот.