Вучиќ: Наскоро ќе почнеме преговори за договор за гас со Русија

пред 3 години

Преговорите меѓу Белград и Москва за нов долгорочен договор за гас ќе започнат во наредните денови, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за новинарите во Берлин по средбата со германската министерка за надворешни работи Анален Баербок.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Каква диверзификација е ова, само за две години ќе го добиеме завршениот интерконектор, можност од некаде да се испорача нешто во Србија, но прашање е што ќе се испорача, ние од наша страна градиме бугарски интерконектор, ќе бидат потребни најмалку 300 дена да се изгради“, се наведува во обраќањето што го пренесе агенцијата „Танјуг“.

Претходно Вучиќ изјави дека економијата на Србија е целосно зависна од рускиот гас, поради што Белград се надева дека ќе добие добра цена на претстојните преговори за гасот со Москва.

Тој исто така нагласи дека Белград нема алтернатива за природниот гас од Русија. Со оглед на тоа што долгорочниот договор за набавка на руски јаглеводороди истече на 31 мај 2022 година, Србија сакаше да потпише нов долгорочен договор, рече Вучиќ, пренесе Индекс.хр.

Share
Scroll to Top