На церемонија во Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски му врачи награда на Патрон, две и полгодишниот Џек Расел Териер. Кучето беше наградено со Орден за заслуги во земјата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ukraine president @ZelenskyyUa decorated the army service dog Patron in the presence of Canada’s leader @JustinTrudeau pic.twitter.com/oMflbUFuCW
— Bojan Pancevski (@bopanc) May 8, 2022
Териерот, чие име на украински значи „муниција“, намириса руски мини и експлозиви во североисточниот град Чернигов и стана маскота на Државната служба за итни случаи, пренесува „Гардијан“.
Тоа стана национален симбол на отпорот на Украина против Русија и редовно се појавува во видеата на официјалните украински канали на социјалните мрежи.
Кучето, кое е тренирано да бара мини, е заслужно за откривање на повеќе од 200 експлозиви од почетокот на војната во Украина.
Patron the dog keeps working hard — just yesterday, he helped defuse 262 items of explosive ordnance near #Chernihiv. We are very proud of our very good boy. pic.twitter.com/hw4zyA8S9R
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) May 1, 2022
Зеленски наградата им ја врачи на Патрон и неговиот сопственик Михаил Илиев на прес-конференција заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој вчера беше во посета на Киев. Додека на Патрон му беше врачена наградата, Трудо се фаќаше по џебовите како да бара нешто за кучето. Зеленски го опиша кучето како „прекрасен мал сапер“ или воен инженер.
„ Денес сакам да ги наградам оние украински херои кои веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои, постои прекрасен мал сапер – Патрон – кој не само што помага во неутрализирање експлозиви, туку и ги учи нашите деца на неопходните безбедносни правила во областите, каде што има опасност од мини“, изјави Зеленски по церемонијата.