Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ, донирал 500.000 евра во фондот за лекување на деветмесечното бебе Вукан Стојиљковиќ од Врање. Детето боледува од спинална мускулна атрофија, а за неговото лекување се потребни 2,5 милиони евра.
Миротиќ помогнал да бидат собрани околу 1,7 милиони евра, а рокот истекува за девет дена.
„Кај оваа болест е најважно што побрзо да се прими лекот Золгенсма. На 18 мај треба да одиме во Будимпешта и веднаш би почнале со анализи што значи дека тогаш ќе стартува и лекувањето. Ние мораме да се обидеме да собереме пари, не смееме да ја испуштиме можноста“, пишува во објавата на Фејсбук.
Според родителите на Вукан Стојиљковиќ, Миротиќ уплатата ја извршил тајно и не сакал да се зборува за тоа. Тие само откриле дека се работи за спортист, а потоа медиумите дошле до останатите информации.