„Мекдоналдс“ ја напушта Русија по 30 години

пред 3 години

„Мекдоналдс“ објави дека по 30 години започнал процес на продажба на својот бизнис во Русија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во март, „Мекдоналдс“ ги затвори сите свои ресторани во Русија, вклучувајќи ја и култната локација на плоштадот Пушкин.

Како дел од излегувањето, компанијата очекува да забележи безготовински трошок од околу 1,2 милијарди до 1,4 милијарди долари.

„Хуманитарната криза предизвикана од војната во Украина и брзото и непредвидливо работно опкружување го наведоа ‘Мекдоналдс’ да заклучи дека бизнис делувањето во Русија веќе не е одржливо“, велат од компанијата.

Share
Scroll to Top