Тајно се породи Ријана, иако купуваше женска облека доби син

Тајно се породи Ријана, иако купуваше женска облека доби син

пред 2 години

Американските медиуми објавија дека Ријана тајно се породила минатиот петок и дека добила син. Тие се повикуваат на анонимен извор кој во наводно работи во болницата каде што се породила познатата пејачка. За сега Ријана и нејзиниот партнер, раперот Асап Роки не ја потврдиле веста.

dobivaj vesti na viber

Набрзо откако се појавија информациите дека пејачката пристигнала во болница, американските медиуми објавија дека породувањето завршило и дека таа родила машко дете. Медиумите претходно пишуваа дека Ријана чека девојче, бидејќи беше сликана како купува розова облека за бебиња.

Ријана и Асап Роки во јануари открија дека чекаат бебе, Ријана во тоа време веќе беше во поодмината бременост. Уште тогаш се појавија шпекулации дека пејачката ќе се породи во мај.

 

Share
Scroll to Top