Турција ја блокираше првичната одлука на НАТО да ги процесира барањата на Финска и Шведска за пристапување во воената алијанса, пишува угледниот британски весник „Фајненшл тајмс“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ова ги доведува во прашање надежите за брзо приклучување на двете нордиски земји во сојузот.
Амбасадорите на НАТО се состанаа денеска за да ги отворат разговорите за пристап на истиот ден кога Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации, но противењето на Анкара го прекинало секое гласање, тврди извор со директни информации по однос на ова прашање.
Одложувањето предизвикува сомнеж дека НАТО ќе може да ја одобри првата фаза од барањата на Финска и Шведска во рок од една или две недели, како што најави генералниот секретар, Јенс Столтенберг.
Тоа, исто така, го поставува теренот за неколкудневна интензивна дипломатија меѓу САД, Турција, Финска и Шведска по ова прашање.
Сите 30 актуелни членки на НАТО мора да ги ратификуваат апликациите на Финска и Шведска, но тој процес започнува дури кога одбранбената алијанса ќе издаде протокол за пристапување и официјално ќе ги покани двете земји да се приклучат.