Виктор Давидовски е првиот македонски возач кој победи на ТЦР Европа

Виктор Давидовски е првиот македонски возач кој победи на ТЦР Европа

пред 3 години

Виктор Давидовски е првиот македонски возач кој победи на ТЦР Европа. Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите десет во квалификациите, па по старт,от извозе најбрз круг и безгрешни 10 круга.

dobivaj vesti na viber

Пред трката Давидовски најави дека верува во својот тим и во перформансите на Ауди. Шанса за висок пласман добија и Клим Гаврилов и Пепе Ориола, кои исто како Давидовски извадија максимум од шансата што им се даде во втората трка. Франко Џиролами на крајот заврши четврти откако ја искористи грешката на вчерашниот победник, Том Коронел. Давидовски направи скок и изби на седмото место во поредокот со 78 поени.

Следен гран при викенд од ТЦР Европа ќе биде во Белгија, што ќе се вози на патеката Спа Франкоршамп на 18 и 19 јуни.