„Газета дало Спорт“ во саботата ги објави платите на сите фудбалери кои играат во Серија А. Далеку пред сите е Кристијано Роналдо со годишна плата од 31.000.000 евра. Вкупните плати на три тима во Серија А (Верона 24, Кротоне 22, Специја 22.000.000 евра) се помали од платата на Португалецот.
Во Серија А и оваа сеозна настапуваат тројца македонски репрезентативци, Елиф Елмас во Наполи, Илија Несторовски во Удинезе и Горан Пандев во Џенова.
Најголема плата од нив има најмладиот Елмас. Играчот на Наполи со новиот договор има плата од 1.500.000 евра.
Нестоворвски во Удинезе има годишна плата од 700.000 евра, а Пандев игра во Џенова за 500.000 евра.