Маричиќ: Време е за брза евроинтеграција на регионот, политиката на проширување на ЕУ мора да има иднина

пред 2 години

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска учествуваше на годишниот Самит на Демократија во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), кој се оджува во Будва, Црна Гора.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Вицепремиерот Маричиќ се обрати на панел-дискусијата на тема: Променливата политичка и безбедносната динамика во Западен Балкан, на кој истакна дека војната во Украина е последно предупредување за Унијата за ризикот кој го презема оставајќи го овој регион неинтегриран, со верување дека политиката на проширување на ЕУ нема само минато, туку и иднина.

„Затоа напредок во евроинтеграциите е нужен за земјите од Западен Балкан и сега не е време за анализи. Време е за брзи интервенции во евроинтеграциите и поправање на грешките од минатото“, рече Маричиќ додавајќи дека и покрај воената криза во Украина, Западен Балкан мора да остане во фокусот на ЕУ, бидејќи тоа е од геостратешки интерес и на Унијата.

Вицепремиерот ја истакна и потребата и важноста, партнерите НАТО, САД и Европската Унија да дејствуваат самоуверено, заедно и во хармонија, потенцирајќи дека вклучувањето на Западен Балкан во евроатлантската политичка и безбедносна архитектура ќе даде позитивен трансформативен ефект врз неговата стабилност и економски просперитет.

Маричиќ на маргините на Самитот оствари билатерална средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, со кој ги потврдија добрите пријателски односи на двете земји, за кои се согласни дека треба да бидат пример за земјите од регионот.

На состанокот фокус беше ставен на евроинтеграциите на двете земји и напредокот во реформите, како и потребата за интензивирање на регионалната соработка и можноста за приклучување на останатите земји кон Иницијативата „Отворен Балкан“, при што Абазовиќ го потврди учеството на Самитот на Отворен Балкан кој ќе се одржи на 7-ми и 8-ми јуни, во Охрид.

Овогодишниот Самит на ИРИ учествуваат високи владини претставници од Соединетите Американски Држави, Европа и регионот, претставници на невладиниот сектор, како и аналитичари, отворено да разговараат за клучните теми кои се однесуваат на стабилноста на регионот, со фокус на последиците од војната на Русија против Украина на Западен Балкан.

Самитот започна со кратки изјави за медиумите, а соговорници на вицепремиерот Маричиќ на панел-дискусијата беа премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Курт Волкер, поранешен САД амбасадорот во НАТО и поранешен специјален претставник за Украина и Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Share
Scroll to Top