Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј на која ѝ завршува работниот мандат во земјава.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На средбата министерот Спасовски ѝ се заблагодари на амбасадорката Галовеј за нејзината поддршка и соработката на Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија со Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.
Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи плакета и Монографија од МВР на амбасадорката Галовеј во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР.